Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 без посериозни проблеми извојуваа победа на домашен терен против Скопје 2020 со 37-26 во премиерниот натпревар во 2022 година во ракометната Суперлига. Уште од самиот старт екипата на Јовиќ почна максимално и веќе на полувреме имаше предност од 18-12. До крајот на мечот разликата само се зголемуваше за на крајот конечни +11.

Повеќе...

Со пораз од првакот на Хрватска, ППД Загреб, воден од поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија подготовките во Загреб. Со одлично прво и нешто послабо второ полувреме момците на Бабиќ загубија со 31-26, во дуел кој наликуваше на ланскиот подготвителен натпревар во главниот град на Хрватска.

Повеќе...

Втор тест натпревар и втора победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер на подготовките во Хрватска. Во дуел против второпласираната екипа во регуларниот тек на хрватското првенство, Сесвете, водена од поранешниот хрватски репрезентативец Силвио Ивандија, битолчани издвојуваа победа од 25-30 (11-14).

Повеќе...

Еурофарм Пелистер стартуваше победнички во новата година, откако на подготовките славеше на првиот пријателски натпревар. Битолчани триумфираа против словенечкиот Целје со 30-32, а најдобар играч на теренот беше голманот Марко Кизиќ. Чуварот на мрежата собра 11 одбрани и успеа да постигне еден погодок на натпреварот против „пиварите“. Одличен беше и Јосип Периќ со девет постигнати гола.

Повеќе...

Следниот месец почнуваат возбудувањата од регионалната СЕХА Гаспром лига. Еурофарм Пелистер е дел од групата во која се уште Партизан, Татран Прешов и ППД Загреб. Битолчани ќе дебитираат во Белград, а последниот натпревар од групата ќе го игра против поранешниот европски првак ППД Загреб во Битола.

Повеќе...

Охриѓанецот Мартин Ивановски од наредната сезона ќе го облече дресот на Еурофарм Пелистер 2. Ивановски е ракометар кој игра на позиција среден бек. Мартин настапува за тимот на Охрид, а во 2015 година беше дел и од ракометниот камп на Веспрем.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723