Репрезентативецот на Македонија, талентираното лево крило Петар Атанасијевиќ е прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер.
Ракометарите на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес ќе ја стартуваат авантурата во новата сезона од СЕХА лигата. Пелистерци за прв ривал од групната фаза го имаат незгодниот состав на Војводина, кој на денешниот дуел ќе атакува на втора победа.
РК Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека ракометарот Марио Танкоски потпиша нов договор со нашиот клуб, заклучно со јуни 2025 година. Ова е продолжување на соработката со средниот бек за уште две сезони, со што клубот покажува континуитет и му укажува доверба на проектот и ракометарот.
Раководството на регионалната СЕХА Гаспром лига, денес го објави распоредот на натпреварите од групната фаза за новата натпреварувачка сезона. Термините на сите натпревари треба дополнително да бидат одредени.
РК Еурофарм Пелистер 2 денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Александар Јовиќ на располагање има седумнаесет ракометари, со кои ќе работи во првата фаза од подготовките.
РК Еурофарм Пелистер со денешните медицински тестови ги започна подготовките за пролетниот дел на сезоната 2022/23. Тренерот Ларс Валтер денес ги собра ракометарите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и им ја соопшти агендата на подготовки до крајот на јануари.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister