b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_04_zarepesev.jpg

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денес го објави скратениот список на повикани ракометари за собир за претстојниот бараж натпревар против репрезентацијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство во јануари 2025 година.

На списокот на Лазаров се наоѓаат 20 играчи, а од Еурофарм Пелистер повикани се пет ракометари : Кизиќ, Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Кузмановски и Пешевски. Павле Атанасијевиќ се наоѓа на листата на резерви.

Голмани: Никола Митревски (капитен), Мартин Томовски и Марко Кизиќ
Леви крила: Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ
Десно крила: Никола Костески
Десни бекови: Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски и Мартин Серафимов
Средни бекови: Марко Митев, Дамјан Митев и Иван Џонов
Леви Бекови: Филип Талески и Филип Кузмановски
Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис
Дефанзивци: Никола Марковски и Михаил Аларов

Првиот натпревар од баражот ќе се игра на 8 мај на Фарски Острови, реваншот е закажан за 12 мај во во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Мундијалот ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка во период од 14 јануари до 2 февруари 2025 година.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723