РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека од денес нов член на нашиот клуб е младинскиот репрезентативец на Црна Гора, Богдан Мијушковиќ. Се работи за 20-годишен лев бек, кој доаѓа во Македонија од шампионатот на Словенија, каде го носеше дресот на Добова. Се работи за еден од најголемите црногорски таленти на неговата позиција, а зад себе има настапи и на големи натпреварувања за својот национален тим.
Данскиот интернационалец Каспер Кисум ги мина медицинските тестови по пристигнувањето во Македонија и денес официјално беше претставен пред медиумите во Битола. 30-годишниот Кисум доаѓа во Еурофарм Пелистер од Сондерјиске и попладнево за првпат ќе тренира со своите нови соиграчи. Неговото деби се очекува в сабота на натпреварот против Бутел Скопје.
Скандерборг Архус - Еурофарм Пелистер 24-22 (11-11)
Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од гостувањето кај Скандерборг Архус, беше совладан со 24-22 (11-11) во рамките на седмото коло во Европската лига. За битолчани ова е четвртти пораз оваа сезона.
Во вторник тимот на Еурофарм Пелистер ќe го игра својот седми натпревар сезонава во ЕХФ Европската лига, му гостува на Скандерборг Архус (18:45 часот) во рамките од групата Д.
30-годишниот лев бек Каспер Кисум доаѓа во Битола од тимот на Сондерјуске, а во својата кариера настапуваше за тимовите на Рингштед, Нордсјаленд, Фленсзбург, Битенфелд, Хановер, Феникс Тулуз. Кисум за неколку дена ќе му се стави на располагање на тимот и стручниот штаб.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го загуби и вториот меч во СЕХА лигата во новата сезона, поточно беше поразен од Нексе во Нашице со 29-25.
Битолчани имаа осцилации во играта и поради тоа беше многу тешко да се извлече поволен резултат против хрватскиот претставник кој многу добро знае како се играат овие натпревари.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister