РК Еурофарм Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи и средствата за јавно информирање за своите активности во месец јануари.
СЕХА Гаспром лигата го објави тимот на сезоната 2021/22, а во него се најде Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер.
РК Еурофарм Пелистер ги информира медиумите работници и средствата за јавно информирање дека од денес официјално се отвора процесот за акредитирање за натпреварите од СЕХА Гаспром лигата во ракомет за сезоната 2022/23. Сите заинтересирани медиумите ќе имаат рок до 20 јануари за апликација на сите натпревари од сезоната.
Денес со ждрепка беа одредени натпреварувачките броеви за плеј-офот во домашното ракометно првенство. Со ова е познат и комплетниот распоред на натпреварите за осумте екипи кои ќе се борат за трофејот во Суперлигата.
В четврток на 22 декември со почеток во 12.00 часот ќе се изврши извлекување на натпреварувачки броеви за плеј-оф и плеј-аут за Суперлигата.
РК Еурофарм Пелистер 2 спогодбено го раскина договорот со ракометарот Дејан Кукуловски. Иако договорот имаше важност до јуни 2023 година двете страни се договорија да ја завршат ракометната приказна стара две и пол години. 24-годишниот Кукуловски дојде во Битола во јуни 2020 година и настапуваше за Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Оваа полусезона ја мина во дресот на Еурофарм Пелистер 2 и ја оствари целта со пласманот во плеј-офот.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister