Еурофарм Пелистер - Мотор Запорожје 25-27 (13-13)
На Еурофарм Пелистер му беше доволен и бод во натпреварот од последното 10. коло во групната фаза на Лига Европа против Мотор Запорожје за пласман во осминафиналето, но не ја оствари целта. Пред своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“ – Битола играчите на тренерот Ларс Валтер загубија со 25-27 од украинската екипа.
Еурофарм Пелистер утре на домашен терен го чека натпреварот последниот натпревар од групната фаза од Европската лига, а противник ќе биде тимот на Мотор Запорожје.
Селекторот на машката ракометна репрезентација,Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамките од квалификациите за Европското првенство во Германија. Од двата битолски суперлигаши повикани се: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Ненад Костески, Марио Танкоски, Павле и Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) и Никола Стоилевски (Еурофарм Пелистер 2).
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 16-29 (6-17)
Фаворитот Eурофарм Пелистер забележа рутинска победа во ракометната Суперлига и славеше со 16-29 во „братското“ дерби против Еурофарм Пелистер 2. Костески во победничкиот табор беше најефикасниот со четири гола, додека по три постигнаа Хосни, Петар Атанасијевиќ и Васиљев. Буторац и Ристевски на спротивната страна имаа по четири.
РК Еурофарм Пелистер го започнува процесот на акредитирање на медиуми и медиумски работници за натпреварот од десеттото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје (28 февруари - 20:45 часот)
Пред четири дена Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека нов играч на клубот е српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ.
Овој 26-годишен лев бек со битолската екипа потпиша договор кој ќе трае до јуни 2024 година. Новото засилување ќе се обиде да му помогне на клубот да ја оствари главната цел, освојување на шампионската титула.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister