Еурофарм Пелистер – Пролет 32-26 (19-14)
Пелистер лесно се справи со Пролет и триумфираше со 32-26 во пресметката од четвртото коло во Суперлигата за да остане перфектен како и најголемиот ривал и првак Вардар, кој во Битола денеска го победи „помладиот брат“ на битолската гордост.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер. Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа првата победа во новата сезона на СЕХА Газпром лигата, откако на свој паркет во салата „Боро Чурлевски“ ја совладаа Војводина со 30-25 (14-12).
Еурофарм Пелистер - Војводина 30-25 (14-12)
Eурофарм Пелистер денес во салата Боро Чурлевски ја запиша првата победа во СЕГА лигата сезонава, а видовме и порака од навивачите кои го искажаа незадоволството за испаѓањето од групната фаза во Лига Европа.
Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство во Германкја. На списокот се повикани ракометарите на Еурофарм Пелистер: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Жарко Пешевски, Цветан Кузманоски, Петар и Павле Атанасијевиќ, Ненад Костески и Марио Танкоски.
Во потрага по првата победа од групната фаза на СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер утре попладне од 18:00 часот ќе ја пречека Војводина. Дуелот доаѓа 48 часа по натпреварот против Мотор, па за очекување е поинаков ритам и измени во ростерот на Ларс Валтер.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister