Денес се одржа ждрепката за полуфиналињата во ракометниот Куп на Македониа во просториите на Федерацијата, а како што можеше да се очекува, Ф4 фазата ќе донесе возбудливи пресметки.
Еурофарм Пелистер играше под притисок, но актуелниот шампион позитивно одговори исе врати на првото место на табелата. Битолчани имаа на хартија тешко гостување во Охрид, но во 10. коло од плеј-офот покажаа класа и славеа уверливо со 22-29 крај езерото. Еурофарм Пелистер го диктираше темпото од самиот старт и се погрижи за предност од три гола на полувреме (11-14), а потоа во клучниот период уште толку ја зголеми предноста.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа третиот пораз во плеј-аутот на Суперлигата. Момците на Михаил Петровски во салата „Перо Наков“ во Куманово со 29-23, откако домаќинот водеше во текот на сите шеесет минути Кумановчани имаа одлично прво полувреме по кое водеа 14-9 и по кое беше полесно да се чекори кон победата. Главниот збор над ривалот од Битола го имаа странските ракометари кои заедно комбинираа вкупно 20 гола.
Екипата на Еурофарм Пелистер го остави зад себе поразот од Вардар 1961 и забележа рутинска победа над Бутел од 30-22 во мечот од деветтото коло во суперлигашкиот плеј-оф. Домашните ракометари знаеја што сакаат на соочувањето во Битола, па одиграа доволно ефикасно во нападот и цврсто во одбраната што беше формула за успешен резултат со кој направија нов исчекор кон одбраната на титулата.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го загубија првиот натпревар по деветнаесет победи по ред. Екипата на Бранислав Ангеловски загуби од Вардар 1971 со 24-20, во дуел од осмото коло на плеј-офот. Натпреварот беше неизвесен речиси во целиот тек, Вардар 1961 почесто водеше, најмногу со два гола разлика, но Еурофарм Пелистер успеа да го сврти натпреварот и неколкупати тие да ја имаат предноста.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 забележаа витална победа во борбата за опстанок во лигата и го совладаа соседниот Прилеп со 32-21 (15-12). Екипата на Михаил Петровски водеше од првата до последната минута и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister