Еурофарм Пелистер остана без двајца значајни ракометари по натпреварот против Колштад во Норвешка. Нашите играчи Ненад Костески и Павле Атанасиевиќ на последниот натпревар во Норвешка се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со ГРК Тиквеш.
Денес во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се оддржа извлекувањето на групите и натпреварувачките броеви на клубовите учесници во Куп на Македонија во машка и конкуренција. Своите противници ги дознаа двата битолски клуба.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски вели дека е задоволен од прикажаното на неговиот тим и покрај поразот од Колштад во Лигата на шампионите. Пелистерци со пораз го затворија настапот во Лигата на шампионите. Битолскиот тим загуби со 34-27 од Колштад, но Ангеловски не е разочаран.
Еурофарм Пелистер ја изврши својата последна задачаво Лигата на шампионите со гостување во Норвешка кај Колштад. Стручниот штаб, предводен од тренерот Бранислав Ангеловски, реши да замине во Трондхајм со подмладен состав и без дел од носителите на тимот, а тоа беше добра увертира за нов неуспех во Европа.
Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на повикани ракометари за собирот во рамки на претстојната ЕХФ недела, во која Македонија ќе одигра контролни натпревари со репрезентацијата на Романија.
Екипата на Еурофарм Пелистер ќе го заврши својот настап во Лигата на шампионите со гостувањето кај Колштад. Во очекување на натпреварот, тренерот Бранислав Ангеловски даде изјава во која се осврна на предизвиците и постигнувањата на тимот. На средбата со новинарите зборуваше и младиот Павле Атанасијевиќ.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister