Стручниот штаб на машката младинска репрезентација, на чело со Радослав Стојановиќ го објавија списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари. Во рамките на ЕХФ неделата младинската селекција на Македонија ќе одигра пријателски средби против селекцијата на Словенија. Натпреварите ќе се оддиграат во Словенија во градот Зрече.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денес го објави скратениот список на повикани ракометари за собир за претстојниот бараж натпревар против репрезентацијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство во јануари 2025 година.
Првакот Еурофарм Пелистер со ефикасно издание славеше над Пролет со 27-36 (13-15) во 11. плеј-оф рунда во Суперлигата. „Зелено-белите“ имаа проблеми да се наметнат во првото полувреме и првиот дел го завршија со предност од +2. Сепак, во продолжението избраниците на Бранислав Ангеловски покажаа зошто се шампиони и први фаворити за трофејот и дојдоа до убедлив триумф, триумф број десет во оваа фаза на шампионатот.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 направи голем чекор напред кон опстанокот во суперлигашкото друштво со домашна победа над Мулти Есенс (29-21) во важен дуел кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, Уште од стартот на мечот домашната екипа наметна свое темпо и гостинот од Скопје цело време беше во негатива. Беше 4-0 на почетокот од дуелот во Битола, потоа и 10-6, висок плус кој остана и до полувремето (15-10).
РК Еурофарм Пелистер е изненаден од неочекуваната промена на термините на полуфиналните натпревари од завршницата на Купот на Македонија во ракомет. За првпат во повеќе од три децении завршница на Купот на Македонија во ракомет се случува промена на веќе регуларно извлечени термини за одигрување на натпревар (извлекувањето беше јавно). Со ваквата одлука се нарушува регуларноста на натпреварувањето и се прави непријатен исклучок каков што не е регистриран никаде во светот кога е овој тип на натпревари во прашање.
Селекторот на машката ракометна селекција Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против селекцијата на Фарски Острови за пласман на следното Светско првенствo. Од таборот на Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Цветан Кузманоски, Петар и Павле Атанасијевиќ, Марио Танкоски, Емилијан Ѓорговски.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister