Ракометарите на Еуфораrм Пелистер се изборија за победа против Тиквеш и ќе се борат за Куп-трофеј оваа сезона. Битолчани не беа во посакуван ритам во најголем дел од мечот и успеаја да го разбеснат својот тренер, но очигледно пцовките на Ангеловски позитивно влијаеја врз играчите, кои на крајот пронајдоа пат до победа.
Почитувани љубители на ракометот и спортот
Со големо внимание ги прочитавме денешните соопштенија на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид (се појавија во медиумите во временска разлика од две минути), и надоврзано на тоа Известувањето за медиумите од Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Во насока на овие соопштенија и известување до медиумите би сакале да го изнесеме нашиот став.
Почитувани љубители на ракометот и спортот
Би сакале уште еднаш да го изразиме нашето огромно незадоволство и резигнираност од крајно нерегуларната одлука донесена од страна на Ракометната Федерација на Македонија на безкруполозен начин и надвор од сите правилници и позитивни спортски натпреварувачки практики да се променат претходно извлечените и утврдени термини за одигрување на завршните куп натпревари. Како што напоменавме и претходно, ваквата практика е непозната за ниту едно натпреварување и во ниту една друга земја.
Од натпреврарите до крајот на сезоната, овој денеска против Тиквеш требаше да биде претпоследна голема закана за Еурофарм Пелистер, но ракометарите на домашниот тим запишаа убедлива победа и покажаа дека се цврсто решени да ја одбранат титулата.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 запишаа уште една очекувана победа во борбата за директен опстанок во Суперлигата. Битолчани го совлааа Скопје на гостински терен со 30-34 (11-15), во првиот натпревар од 12. коло на плеј-аутот на Супрлигата.
Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска репрезентација генерација 2006 година и помлади, Наум Танески, го објави списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари со репрезентациите на Словенија и Австрија во рамки на ЕХФ неделата. Меѓу повиканите се и двајца ракометари на Еурофарм Пелистер 2, Иван Младенов и Марко Димовски.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister