b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_04_josip_peric.jpeg

Од минатата недела Јосип Периќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Босанскиот репрезентативец кој настапува на позицијата среден бек потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб. Доаѓа од германски Гепингем и ќе ја зголеми босанската група ракометари во Битола.

Неговите први импресии од новата средина, соиграчите, тренерот и претседателот се позитивни.

„Ме контактира тренерот Бабиќ, ми ја објасни визијата и сите детали за клубот. Потоа стапив во контакт со претседателот Стерјев. Брзо се договоривме за сите детали. Со нетрпение чекам да го облечам дресот на Еурофарм Пелистер. Разговарав со Вегар и Граџан. Тие имаа само пофалби за клубот, а особено за навивачите и атмосферата. Во Романија играв со Кукоски, Олески и Кузманоски и едвај чекам повторно да играме заедно“, вели Периќ.

Периќ е замената за Ловро Јотиќ, кој си замина од клубот заедно со Владислав Остроушко и Никола Митревски. Еурофарм Пелистер го потпиша македонскиот репрезентативец Марио Танковски, а ја продолжи соработката и со Елмир Граџан, Милорад Кукоски, Милан Ѓукиќ, Марин Вегар и Невен Стјепановиќ.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723