Битолски Еурофарм Работник не престанува со засилувања ова лето и денес го официјализира и второто ново име за новата сезона. Клубот кој играше во финалето на Купот на Македонија, го ангажираше младинскиот репрезентативен голман Филип Ивановски.
Откако утрово го официјализираше трансферот на Гоце Ојлески, македонскиот претставник во Челинџ Купот, Еурофарм Работник осигура останување на уште еден ракометар со репрезентативен статус.
Репрезентативното крило Гоце Ојлески е првото големо засилување на Еурофарм Работник. Стружанецот се договори со клупската управа и се враќа во Македонија по периодот поминат во Романија во дресот на Одорхеи.
Тренерот кој го одведе Еурофарм Работник во Европа за прв пат во својата историја, Андон Бошковски и следната сезона ќе го води клубот кон новите предизвици. Битолскиот суперлигаш го продолжи договорот со Бошковски за уште една сезона и соработката на обострано задоволство ќе продолжи.
Суперлигашот Еурофарм Работник ја информира јавноста дека на истек од договорите со клубот, заминуваат Португалецот Серхио Барош и Мароканецот Ашраф Адли.
Еурофарм Работник – Металург 22-24 (7-11)
Еурофарм Работник одлично го почна натпреварот, играше гол за гол со силниот Металѕрг, а Арсиќ одбрани дури четири седмерци во првиот дел. Ако половина полувреме се играше израмнето и резултатот во 15. минута гласеше 5-5, подоцна Металург се одлепи.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister