Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник аплицираше за „вајлд карта“ во Лигата на шампионите и се надева дека ЕХФ ќе излезе во пресрет и на 25 јуни во Виена ќе одлучи позитивно на барањето на битолскиот клуб. Конкуренцијата за покана за учество во Лигата на шампионите е огромна и нема да биде лесно да се добие довербата на Европската куќа на ракометот.
Учесници во Лигата на шампионите 2019/20:
Мешков Брест (Белорусија)
ППД Загреб (Хрватска)
Алборг (Данска)
Барселона (Шпанија)
Кокс (Финска)
ПСЖ (Франција)
Флензбург (Германија)
Веспрем (Унгарија)
Селфос (Исланд)
Вардар (Македонија)
Елверум (Норвешка)
Киелце (Полска)
Порто (Португалија)
Динамо Букурешт (Романија)
Чеховски Медведи (Русија)
Целје Пивоварна Лашко (Словенија)
Шафхаузен (Швајцарија)
Татран Прешов (Словачка)
Савехоф (Шведска)
Бешикташ (Турција)
Мотор Запорожје (Украина)
Клубови кои аплицираа за „вајлд-карта“:
ГОГ (Данска)
Ирун Бидасоа (Шпанија)
Монпелје (Франција)
Нант (Франција)
Шамбери (Франција)
Кил (Германија)
Магдебург (Германија)
ПИК Сегед (Унгарија)
Хендбол Еш (Луксембург)
Еурофарм Работник (Македонија)
Металург (Македонија)
Арендал Елит (Норвешка)
Виспа Плок (Полска)
Спортинг (Португалија)
Кристијанштад (Шведска)
Еурофарм Работник од октомври оваа година за првпат ќе игра во натпреварите од СЕХА лигата.