Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.
На списокот се повикани пет ракометари на Еурофарм Работник: Кукоски, Ојлески, Кузмановски, Крстевски и Маркоски.
Сениорите петтиот натпревар од квалификациската група ќе го одиграат на 12.06.2019 против репрезентацијата на Турција во Ескишехир во 19:00 часот. Последниот натпревар на сениорите е против селекцијата на Грција и ќе се одигра на 16.06.2019 во Струмица со почеток во 18:00 часот.
Македонија го дели првото место во квалификациската група заедно со селекцијата на Исланд.