Ракометарите на Еурофарм Работник во вториот натпреварувачки ден од турнирот во Добој стигнаа до првата победа, откако славеа на дуелот со домаќинот Слога со резултат 26-24. Натпреварот беше изедначен, а разликата ја направи голманот Трајковски, кој со 22 одбрани беше најзаслужен за победата.
Еурофарм Работник - Слога Добој 26-24 (11-13)
Еурофарм Работник:
Трајковски (22 oдбрани), Чаневски (1 одбрана), Ојлески 2, Маркоски 2, Стјепановиќ 3, Шевелев, Радовиќ 5, Јотиќ 2, Вегар 2, Граџан 2, Ѓукиќ 1, Кузманоски 5, Петровски 1, Маџовски 1
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 8 минути
Слога Добој:
Богдановиќ (18 одбрани), Књежевиќ, Ѓурѓевиќ, Анѓелиќ 1, Максимовиќ, Мишановиќ, Престаж 5, В. Станковиќ 7, Бубиќ 4, Старчевиќ, Зекиќ 1, Б. Станковиќ 1, Жегарац, Миличевиќ, Чосиќ 5, Бајовиќ
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 6 минути
Ракометарите на Еурофарм Работник утре се слободни, а в петок во вечерниот термин се среќаваат со Пекинг Спорт. Од исхдот на овој натпревар ќе се знае за кое место в сабота ќе се борат избраниците на Стевче Алушовски.