b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_02_brance_doteran.jpg

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер остана во трка за одбрана на титулата, откако вечерва пред своите гледачи во Битола го совлада Вардар 1961 со 27-21 (10-10) во големото македонско ракометно дерби. Најефикасен вечерва во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со осум голови, додека голманот Урбан Лесјак запиша седум одбрани, од кои две интервенции во серија во последниот напад на гостинскиот тим.

По натпреварот своите импресии ги изнесоа тренерот Ангеловски и капитенот Кузмановски.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

И во првото полувреме бевме агресивни, но голманите одбранија само една топка. Влеговме во серија без лесен гол. Во првиот дел имавме проблем со две измени одбрана-напад. Во вториот дел игравме без измена, влечевме контра и полуконтра, игравме побрзо и заслужено победивме.

Капитенот Кузмановски одигра капитенски, но морам да го пофалам и Тајник. Последната ротација со Радивојевиќ вроди со плод со уште два гола. Можеби имаше простор за поголема ротација, но натпреарот налагаше ваков тек. Среќен бев и со победа од еден разлика, но со нашите верни навивачи е полесно. Ним им ја посветувам оваа победа.

Филип Кузмановски
(капитен на Еурофарм Пелистер)
По подолг период се вратив во мојот матичен клуб, бев многу мотивиран и цело време мислев на ваквите дерби натпревари. Имавме среќа да отвориме во плеј-офот против Вардар 1961. Сите знаеме што значи ова дерби, среќен сум за победата и за мојата екипа.

Изгинавме до остварување на целта, иако во првиот дел игравме во грч. Големо брагодарност до нашите навивачи, кои ни дадоа поддршка кога најмногу требаше. Оваа победа многу ни значи, знаеме што следи во плеј-офот и ќе одиме натпревар по натпервар. Нема опуштање, бидејќи овој плеј-оф е најдобар во последните години. Нема никого да потцениме. Ова е само еден голем чекор за клубот, градот, претседателот, навивачите.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723