b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_07_media_20240724_182358_7724594718506400092.jpg

Со пет нови имиња и обновен ентизијазам, првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за сезоната 2024/25.
На првиот собир ова лето, на почетокот на подготовките за следната сезона своите очекувања ги изнесе капитенот Филип Кузмановски. Бекот нагласи дека целите остануваат исти, одбрана на титулата во домашното првенство, како и достојно претставување во Европа.

„Среќен сум што повторно почнавме со тренинзи. Се чувствува шампионската атмосфера. Искрено бргу мина одморот и пак сме на терен. Се радувам што пак сме тука заедно, а и за новите играчи кои ќе дадат дополнителен квалитет на нашата екипа.

Мислам дека градот, клубот и управата заслужи да играме во Лигата на шампионите. Сакам да имаме подобри резултати. На домашен план сакаме да го повториме успехот, мислам дека имаме квалитет. Ќе бидеме скромни и ќе одиме чекор по чекор. Сметам дека новите играчи ќе ни помогнат за кревање на квалитетот, целите се високи и сакаме нашите навивачи да гледаат една шампионска екипа, бидејќи тоа го заслужуваат“, рече Кузмановски.

Еурофарм Пелистер првиот официјален натпревар ќе го одигра во Суперкупот на Македонија против Алкалоид, а во Еврооа ќе дебитира во Париз против ПСЖ.

sponzori 2425

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723