По победата над Нексе Нашице, на прес-конференцијата во Битола говореа тренерот Стевче Алушовски и ракометарот Филип Кузмановски.
Двајцата им се заблагодарија на гледачите и поддршката и покажаа задоволвство од првите бодови во групата Б на ЕХФ Купот.
Еурофарм Работник – Нексе Нашице 29-28 (14-12)
Еурофарм Работник ја дочека првата победа во групната фаза во Купот на ЕХФ. Македонскиот лигаш во четвртото коло го совлада Нексе со 29-28 во меч во кој постојано беше во водство за на крајот заслужена радост со навивачите во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
РК Еурофарм Работник денес одржа прес-конференција на која што го најави вториот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Нексе Нашице. На средбата со новинарите говореа тренерот и капитенот на екипата.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник е најуспешна екипа за 2018 година во Битола во изборот на Сојузот на спортови. Вечерва на изборот во хотелот „Бела Куќа“, Филип Кузмановски беше прогласен за најдобар спортист за минатата година, а тимот најуспешен во екипна конкуренција.
Почитувани претставници на медиумите,
РК Еурофарм Работник ве информира дека отворена е можноста за апликации за акредитации за претстојниот натпревар од четвртото коло од Б групата на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Нексе Нашице, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола на ден 03.03.2019 година со почеток од 19:00 часот.
Еурофарм Работник загуби на третиот натпревар од групната фаза во ЕХФ Купот. Македонскиот претставник вечерва е поразен на гостувањето кај Нексе во Нашице со 23-18. Стевче Алушовски дебитираше со пораз на клупата на тимот од Битола.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister