Еурофарм Работник ги совлада Охрид и Вардар Јуниор во рамките на групата 1 од Купот на Македонија во Битола и обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Во финалниот меч битолскиот состав го победи Вардар Јуниор со 38-27.
Ракометарите на Еурофарм Работник го претрпеа првиот пораз на домашна сцена оваа сезона, откако пред своите гледачи загубија од Вардар со 28-30. Екипата на Алушовски долго време водеше и жали што не успеа да го изненади шампионот и да му нанесе прв пораз во домашната Суперлига во последните неколку години.
Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на осминафиналните групи на Купот на Македонија во машка конкуренција. Носители во групите беа Вардар, Металург и двете најдобро пласирани екипи од есенскиот дел на првенството (Еурофарм Работник и Бутел Скопје). Четири групи се со по четири екипи, победниците ќе се пласираат на завршен турнир.
Еурофарм Работник го победи градскиот ривал Пелистер со 32-25 во рамки на 3.коло од плејофот во ракометната Суперлига. „Фармацевтите“ доминираа во текот на целиот натпревар и заслужено ја добија битолската пресметка. На полувремето Еурофарм Работник водеше со 18-9, а во вториот дел само ја одржуваше предноста за конечен триумф од 32-25.
Во можеби клучниот натпревар во тековната сезона, Еурофарм Работник убедливо го совлада Металѕрг среде Скопје и ги запиша првите бодови во плеј-офот. По првите минути на израмнета борба, во кои екипите се менуваа во водството, токму гостите направија исчекор и со серија од 3-0, дојдоа до водство од 8-11. Од тој момент, па се до крајот на средбата, предноста беше во посед Еурофарм Работник. Првото полувреме заврши со резултат 12-13.
Еурофарм Работник со пораз ги завршија настапите во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолчани гостуваа кај незгодниот унгарски тим Татабања, кој по убедливата победа во Битола, славеше и на домашен терен со 30-27. Најдобри стрелци кај Еурофарм Работник се истакнаа Остроушко со девет голови, како и Маркоски и Граџан со по четири.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister