b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_11_Гоце_Ојлески.jpg

Гоце Ојлески ќе биде единствено лево крило на гостувањето во Манхајм против Рајн Некар Левен, со оглед дека Бојан Маџовски не оtпатува, а покрај него во Битола останаа и десното Ненад Костески и пивотот Елмир Граѓан. Натпревари како овој со Рајн-Некар Левен се играат ретко во текот на сезоната, затоа Ојлески посакува да извлечат максимум од него.

Стружанецот смета дека од утрешниот дуел екипата може само да добие.

„Секако дека коронавирусот остави трага. Не е лесно да си надвор од тренажен процес десетина дена. Видовме како тоа се одрази на натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Атмосферата не се наруши, продолживме да тренираме, да ја вратиме снагата и да се подготвиме за натпреварот во вторник.

Рајн Некар Левен е фаворит во групата. Не е лесно да се игра против нив, посебно на гостински терен. Нема што да загубиме, одиме да играме европски ракомет и можеме само да добиеме и да се воиграме за следните натпревари кои ни следуваат“, изјави Ојлески.

Македонскиот претставник има еден бод засега и е петти на табелата по само два одиграни натпревари. Покрај овој натпревар, есенва треба да се одиграат и двата дуели со Тримо Требње, а можеби и заостанатиот натпревар против Татабања.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723