b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_11_derbi_34.jpg

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ ги искажа своите очекувања пред утрешниот меч против Рајн Некар Левен во рамките од четвртото коло од групата Д на Лигат Европа. Бабиќ зборуваше на неколку теми.

За натпреварот против Кадетен Шафхаузен

Бевме под корона во минатиот период, но мене не ме загрижува падот во вториот дел од натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Тоа е нормално. Игравме добро во првиот дел, водевме, но потоа паднавме физички и не издржавме. Момците дадоа што имаа, но нетренирањето и коронавирусот оставија трага.

За гостувањето во Манхајм:

Што се однесува до натпреварот во Германија, Рајн Некар Левен е фаворит, силна екипа и лидер во Бундеслигата. Но, јас се радувам на натпреварот, нам ни е страшно важно да играме, не треба да заборавиме дека сме потполно во контра ритам. Немаме натпревари, не трениравме и нам сè ни е добро, без разлика што Рајн Некар Левен е силен тим.

Се надевам дека ќе одиграме како и секогаш цврста одбрана. Притисокот мислам дека нема врска ни за нас, ни за нив. Треба да бидеме опуштени за да го дадеме максималниот потенцијал. Но, верувам дека притисокот нема врска и секој ќе го даде максимумот.

За фаворитите во групата Д на Лига Европа:

Како што реков на почетокот. Германците и Данците се фаворити во групата, а трите останати екипи и ние сме со сличен квалитет. Дефинитивно влијанието на короната е голем. Татабања која е добра екипа, пред неколку дена загуби на домашен терен. Сите екипи се приближни и детали ќе одлучуваат на крај.

Натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 20:45 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723