Ракометарите на Еурофарм Пелистер рутински стигнаа до триумф на дуелот со Пролет, славејќи со 30-21 во спортската сала „Боро Чурлевски“. Дуелот се одигра пред околу 500 гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“, кои видоа убав ракомет, презентација на многу млади ракометари и допадливи акции и потези. Ангеловски ги одмори Тајник, Митревски, Радивојевиќ и Манасков, а лимитирана минутажа имаа и Кузмановски, Хосни и Пешевски.
Со продолжувањето на спонзорскиот договор, ракометното првенство и во наредната сезона ќе го носи името Machineseeker EHF Лига на шампиони. Финалниот турнир во Келн ќе се одржи под името TruckScout24 EHF Final 4.
Со лесна гостинска победа екипата на Еурофарм Пелистер 2 ја започна сезоната во Првата лига. Момците на Александар Зарков целосно го надиграа младиот тим на Овче Поле. Свое шоу имаше младинскиот репрезентативец Мирче Калајџиевски, автор на дури дванаесет гола.
Шампионот Еурофарм Пелистер го претрпе првиот пораз во новата сезона на Суперлигата. Екипата на Бранислав Ангеловски загуби на гостувањето кај Вардар 1961 со 27-24 (15-11). Во битката на македонските ракометни великани овојпат подобар беше скопскиот состав кој покажа повеќе во СЦ „Јане Сандански“.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа и трет пораз во низа во Лигата на шампионите. Подобар од македонскиот шампион беше Динамо Букурешт кој славеше со 34-25. Македонскиот парираше само во првите дваесет минути од натпреварот, а потоа средбата помина во знакот на романскиот тим.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија на третиот натпревар во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето во Романија кај Динамо Букурешт. Домашниот состав покажа дека е на друго ниво, го потврди статусот на фаворит и со 34-25 дојде до три од три во групата А во елитното натпреварување.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister