b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_06_rakomet-vardar-eurofarm-pelister-titula-2025-24.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако во решавачкиот меч забележаа победа на гостувањето кај Вардар со 30-32. Во победничкиот состав Кузмановски постигна седум, а Пешевски и Тајник по пет. гола На крајот на шампионатот Еурофарм Пелистер го обезбеди врвот со два бода предност пред „црвено-црните“.

По победата своите импресии ги изнесоа капитените на Еурофарм Пелистер, Кузмановски и Митревски.

Филип Кузмановски
Верував во екипата, од почетокот до крајот и се надминавме. Ова е најдрагата титула за мене, за мојот матичен клуб, за мојот град и за нашите навивачи. Поминавме многу заедно и заслуживме да дојдеме каде што сме. Вечерва Македонија е „зелено-бела“. Ќе славиме титула три дена.

Никола Митревски
Сакам да им честитам на сите присутни во салата. Покажавме дека можеме да организираме натпревар со врвна организација и однесување на теренот и трибините. Имавме тешка сезона, големи падови, но кога требаше се издигнавме. Верувавме дека можеме, а кога веруваш сè е можно. На претходните два порази од Вардар 1961 сите ничии топки завршуваат кај нив. Денес сите тие топки завршија кај нас, имавме спортска среќа и затоа победивме. Вардар беше под притисок, ние немаше што да загубиме и покажавме карактер.

Осуммина пелистерци со трите шампионски титули во Суперлигата!

Со голема драма во сите три сезони и со различни тренери на клупата Еурофарм Пелистер комплетираше хет-трик на трофеи од домашниот шампионат. Мала е групата на ракометари и членови на стручниот штаб кои ги освоија сите три титули. Во генерациите 2022/23, 2023/24, 2024/25 учествуваа: Павле и Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Павле Петровиќ и Жарко Пешевски. Исто така дел од трите шампионски генерации се тренерот на голмани Ице Соколески, спортскиот директор Звонко Шундовски, кондициониот тренер Александар Марковски и физиоперапевтот Филип Милевски.

Секако, трофеите се под палката на семејството Стерјеви и компанијата Еурофарм, која е сопственик на мнозинскиот пакет акции на Еурофарм Пелистер. Дел од акциите има и Општина Битола, која секоја година несебично го помага клубот и повеќе од потпишаниот договор. По потпишувањето на платформата за ракометна Битола има само еден трофеј кој пелистерци не го освоиле - тоа е Купот на Македонија.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723