Повеќе...

Првакот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер, засилено го подготвува големиот дуел со европскиот гигант Веспрем.

Со само еден тренинг, кој ќе биде рекуперација од напорите во Скопје, битолчани мора да креираат атмосфера и тактика за еден од фаворитите за титулата во Лигата на шампионите. Урош Борзаш, кој добро ја познава институцијата Веспрем, верува дека гостувањето на Унгарците ќе делува мотивирачки за ракометарите.

Повеќе...

РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година.

Повеќе...

По поразот од Алкалоид во дербито од ракометната Суперлига, Бранислав Ангеловски поднесе оставка од функцијата тренер на Еурофарм Пелистер.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа вториот пораз во Суперлигата сезонава, откако во Автокоманда загубија од Алкалоид со 32-25.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум гола, шест постигна Бинго, а пет постигна Никола Косетски до пред да се повреди. На Еурофарм Пелистер не помогнаа ниту дванаесетте гола на Филип Кузмановски.

Повеќе...

Нашето ракометно семејство повторно има член од големата ракометна сила - Египет. Кружниот напаѓач на египетската репрезентација, Мохамед Мамдух Шебиб, потпиша договор со првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер за сезоната 2024/25 и следната сезона 2025/26.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи победничката серија во прволигашката конкуренција. „Зелено-белиот“ тим славеше на домашен терен против Кичево со убедливи 47-24, а победата беше најавена уште по првиот дел кога беше плус девет, 20-11.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723