b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_06_sampioni_sasas.jpg

Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 30-32 и стигнаа до трофејот.. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17-15, а имаа и пет гола предност (15-10). Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски, кај вардарци се истакна Вуко Борозан со осум погодоци.

Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф - десетто коло

Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 30-32 (17-15)

Спортски центар „Јане Сандански“
Гледачи: 7.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Црвен картон: Урош Борзаш

Вардар 1961:
Фереира Еспиња, Гогов, Јагуриновски 1, Стојановски, Георгиевски 2, Родригез, Крсманчиќ 2, Танкоски, Лазаревски 4, Хориха 3, Срдановиќ 7, Николиќ 2, Петриќ, Ќосевски 1, Борозан 8
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Манасков 4, Цехте 1, Тајник 5, Борзаш 3, Радивојевиќ 1, Кузмановски 7, Костески, Петровиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски 5, Хосни 5, Хаџиќ, Пав, Атанасијевиќ 1, Мамдух
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути

Ова е деветта титула за пелистерци и прв хет-трик на трофеи на домашни трофеи од шампионатот.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723