Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа против Куманово со 46-26 во првиот меч од Суперлигата во 2025 година. Куманово парираше само на почетокот, кога резултатот беше 4-4, по што битолчани ја преземаа контролата и на полувреме заминаа со предност од 25-12. Домашниот тим во Битола не му дозволи на ривалот да биде ниеднаш конкурернтен и славеше со убедлива разлика. Тренерот Раул Алонсо им даде шанса на сите ракометари да настапат, a разликата меѓу двата тима беше евидентна.
Отворен е процесот за акредитирање на медиуми за натпреварот од 12. коло на Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт (20 февруари 2025 година – 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската Лига на шампионите во ракомет. По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф.
Еурофарм Пелистер, замина на подготовки во српската Стара Пазова, каде ќе ја темпира формата за остатокот од сезоната и за предизвиците во Лигата на шампионите.
Додека ракометарите на Еурофарм Пелистер се борат за победи на теренот и како дарители ја извојува, најголемата победа – животот! Двете наши екипи, стручниот штаб и нашите навивачи ,,Чкембари” се вклучија во акцијата и даруваа крв.
Денешниот ракометен ден започна со најлошата можна вест. Ненадејно нѐ напушти еден од најракометните ликови во поновата историја, наш поранешен играч и тренер и култен лик во секоја пора на македонскиот ракомет. Смртта на Александар Јовиќ е голем удар за РК Еурофарм Пелистер, за целото наше ракометно семејство, за ракометна Битола, за навивачите.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister