Екипата на Еурофарм Пелистер лесно се справи фенерџијата Струга и дојде до третата победа во првенството со убедливи 45-24. Стартот беше израмнет, иако битолчани отворија добро и поведоа со 3-1. На тоа стружани со головите на Костов и Вељаноски врзаа серија од 0-3 и првпат поведоа. Пелистерци одговорија и врзаа два гола преку Хенингман и Атанасијевиќ за водство. Уште само еднаш Струга успеа да се врати до егал во натпреварот (6-6), а потоа следуваше пад или подобро кажано консолидација на фаворитот. Со три гола на браќата Атанасијевиќ пелистерци се одлепија на 9-6, а потоа на одмор заминаа со 20-16.
Сепак, во вториот дел дојде до квалитет брзата игра на битолчани, стружани целосно се распаднаа постигнаа само осум гола, а примија уште 25. Најефикасни со по осум гола беа Рудолф Хакбарт и Петар Атанассијевиќ, додека на спротивната страна Наум Костов ја заврши средбата со седум гола.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Четврто коло
Еурофарм Пелистер - Струга 45-24 (20-16)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 800
Судии: Иван Илиевски и Спаско Ќаев
Црвен картон: Нејц Цехте (Еурофарм Пелистер)
Еурофарм Пелистер:
Митревски 1, Брестовац, Манасков 3, Цехте, Хекберт 8, Тајник, Калид Валид 4, Хенигман 1. Радивојевиќ, Кузмановски, Калајџиовски 7, Пет. Атанасијевиќ 8, Пешевски 1, Хосни, Хаџиќ 5, Пав. Атанасијевиќ 7
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 8 минути
Струга:
Тутенкоски, Ѓурѓевиќ, Белески, Мечкаровски 6, Костов 7, Кењоски 1, П. Ферукоски, Д: Ферукоски, Велјаноски 4, Димоски, Алиша, Савески, Талески, Атанасовски 6
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути
Во следното петто коло, на први октомври, Еурофарм Пелистер гостува кај Вардар 1961.