Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер го одиграа второто дерби во третото суперлигашко коло, а мечот во „Автокоманда“ по голема битка и неизвесност, заврши со нерешен исход, со резултат 33-33 (15-14). Алкалоид со два гола предност влезе во финишот, но тогаш првакот се разбуди. Прво преку Тајник реализираше за 33-32 за да потоа пред звукот на сирената реализира и Хосни за реми на ова соочување.
Екипата на Рубен Гарабаја настапи без повредените Абутовиќ, Ристевски и Кузманоски, а само неколку минути доби повратникот Хаидарирад.
Тордарсон беше прво име кај „сино-белите“ со седум реализации, а Кузмановски постигна десет гола за битолчани.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Трето коло:
Алкалоид - Еурофарм Пелистер 33-33 (15-14)
Спортска сала: „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Алкалоид:
Кизиќ, Галевски, Тордарсон 7, Маркоски, Серафимов 5, Карасманакис, Стојковиќ, Ѓоргиев 2, Велковски 1, Симоноски 1, Ивановски 1, Костески 3, Петковски 1, Митев 6, Борзаш 5, Аларов 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Хеидарирад Манасков 6, Цехте 1, Хакбарт 6, Тајник 4, Валид 2, Хенигман, Радивојевиќ, Кузмановски 10, Калајџиески, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 1, Хосни 2, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 12 минути
Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува тимот на Струга.