Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир од Купот на Македонија и покрај тоа што неговиот тим загуби во финалето.
Алкалоид е освојувач на Купот на Македонија откако во супер-драматично финале славеше над Еурофарм Пелистер, и тоа по пенал-рулет. Иван Галевски беше херој и на овој меч со два одбранети седмерци во пенал-рулетот, за огромна радост на сино-белите за кои ова е прв трофеј во клупската историја.
Ракометарите на Еуфораrм Пелистер се изборија за победа против Тиквеш и ќе се борат за Куп-трофеј оваа сезона. Битолчани не беа во посакуван ритам во најголем дел од мечот и успеаја да го разбеснат својот тренер, но очигледно пцовките на Ангеловски позитивно влијаеја врз играчите, кои на крајот пронајдоа пат до победа.
Почитувани љубители на ракометот и спортот
Со големо внимание ги прочитавме денешните соопштенија на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид (се појавија во медиумите во временска разлика од две минути), и надоврзано на тоа Известувањето за медиумите од Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Во насока на овие соопштенија и известување до медиумите би сакале да го изнесеме нашиот став.
Почитувани љубители на ракометот и спортот
Би сакале уште еднаш да го изразиме нашето огромно незадоволство и резигнираност од крајно нерегуларната одлука донесена од страна на Ракометната Федерација на Македонија на безкруполозен начин и надвор од сите правилници и позитивни спортски натпреварувачки практики да се променат претходно извлечените и утврдени термини за одигрување на завршните куп натпревари. Како што напоменавме и претходно, ваквата практика е непозната за ниту едно натпреварување и во ниту една друга земја.
Од натпреврарите до крајот на сезоната, овој денеска против Тиквеш требаше да биде претпоследна голема закана за Еурофарм Пелистер, но ракометарите на домашниот тим запишаа убедлива победа и покажаа дека се цврсто решени да ја одбранат титулата.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister