Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го извојува третиот триумф во македонската Суперлига, откако славеше над Пролет на гостувањето во Скопје со конечен резултат 24-26.
Битолчани потоа ја презедоа контролата, поведоа со 3-4, нешто подоцна имаа и два гола предност (5-7, 7-9), но Пролет имаше одговор и со три гола во низа повторно стигна до предност (10-9) со погодокот на Палевски. Со таа тенденција на одмор се замина со еден гол позитива за домаќините (14-13).
Вториот дел почна со израмнета игра на двете страни, пред Пролет прв да се одлепи на „плус два“, со голот на Глигоров на истекот од 40. минута. Еурофарм Пелистер 2 на половина од второто полувреме стигна и до минимално водство од 19-20 и целосно го сврте натпреварот. Серијата од нецели девет минути без гол ги чинеше домаќините заостанување од четири гола. Сепак, момците на Матлиевски се вратија до 23-24. Сепак, Мартин Јовановскки на голот се разбрани, голови постигнаа бековите и Белистојановски и на кррајот победата пд 24-26 целосно е заслужена.
Најдобар поединец кај победничкиот состав беше Аудифред Баптист со шест погодоци, а во таборот на Пролет осум гола постигна Давор Палевски.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Седмо коло
Пролет - Еурофарм Пелистер 2 24-26 (14-13)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 100
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски
Пролет:
Трајков, Даскалоски, Солов, Трајковски 2, Јовевски, Глигоров 1, Василевски 1, Андоновски 1, Мајнов, Димковски 2, Стојановски, Стоилевски 5, Дрпљанин, Палевски 8, Давитковски 4, Мишевски
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски 1, М. Фехми, Младенов, Маркоски 2, Лозановски, Гичев 1, Даневски, Шулевски 1, Митревски 3, А. Фехми, Димитровски 3, Пецаковски, Славков, Белистојановски 5, Мохамед Азис Бен Мафуд 4, Баптист 6
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути
Во следното осмо коло, следната сабота од 13:00 часот, Еурофарм Пелистер го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер 2.