b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_10_fitilo_i_trenero_za_barca.jpg

Големата Барселона за првпат доаѓа во Битола, а натпреварот е веќе распродаден. За очекувањата од овој дуел со новинарите раговараа тренерот Гарабаја и десниот бек Видомски.

Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Барселона е една од најдобрите три екипи во светот. Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат мнигу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да бидеме фокусирани на сите детали. Ракометниот има помош од фудбалскиот клуб, нивната структура е извонредна. Таму сите ракометари се фокусирани само на настапите. Секој тим против Барса максимално се бори, но само до одреден момент. При секое губење на концентрацијата, тие постигнуаат 3-4 брзи голови од контра напади, бидејќи имаат одлична одбрана и најдобар голман во светот.

Анџеј Видомски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Првите минути ги одиграв против Охрид и атмосферата во салата беше извонредна. Во Плоцк дебитирав во Луигата на шампионите, но можеби не одиграв толку добро. Сепак, тоа беше само првиот чекор и верувам дека ќе биде подобро. Барса игра многу добро, во некои сегменти игра слично како Висла Плоцк. Знаеме како треба да играме и ќе се обидеме да го дадеме нашето најдобро издание. Сакам да ги повикам фановите, ни треба нивната помош.

Натпреварот меѓу првакот на Македонија и Шпанија се игра в среда од 20:45 часот, а ќе го водат Курсаид и Оздениз.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723