Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги почна тренинзите за новата сезона, а на почетокот од подготовките тренерскиот тим Јовиќ, Зарков и Атанасовски на располагање имаат пет нови ракометари. Тренерот вети најмлада надворешна линија во Суперлигата, напорна работа и можност пак да ги изненадат фаворитите.
Подготовки:
19-31 јули во Битола
1-10 август во Маврово
11 август – 8 септември: Пријателски натпревари – Прилеп (два натпревари) и Пролет и учество на Меѓународниот турнир „Миле Нешковски“
Дојдоа:
Милан Ѓукиќ, Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Андре Буторац (Голден Арт КЛ7), Мартин Темелкоски
Заминаа:
Стефан Дрогришки, Јован Талевски, Димитар Бардакоски, Филип Ивановски
Минатата сезона Еурофарм Пелистер ја заврши на седмото место и освои многу симпатии со начинот на игра.