Суперлигашот Еурофарм Пелистер со денешниот собир ги почна подготовките за новата сезона, под водство на тренерот Жељко Бабиќ. Со шест нови имиња, комплетно ново голманско трио и нов кондиционен тренер, пелистерци ја започнуваат битката на пет фронта.
План на подготовки:
19-23 јули во Битола
23-30 јули во Маврово
1-11 август – подготвителни натпревари
11 август – Суперкуп на Македонија – Еурофарм Пелистер – Вардар 1961
21 август – СЕХА Гаспром лига (четвртфинале) – Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Дојдоа:
Реиние Табаода (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто), Немања Обрадовиќ (ППД Загреб)
Заминаа:
Марин Вегар, Дарио Петровски, Градимир Чаневски, Карим Хендави, Благојче Трајковски, Невен Стјепановиќ
За разлика од минатата сезона, во новата се очекува враќањето на гледачите на трибините.