В петок напладне, во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе биде извршено извлекување на натпреварувачки броеви на екипите за сезона 2021/22 за машката Суперлига. Битола и сезонава ќе биде репрезентирана од два клуба: Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Учесници во Суперлигата за сезоната 2021/22:
РК Еурофарм Пелистер
РК Еурофарм Пелистер 2
РК Пролет
РК Металург
РК Бутел Скопје
ГРК Охрид
РК Вардар 1961
РК Струга
РК Прилеп
ГРК Тиквеш 2014
РК Радовиш
РК Скопје 2020
Во шампионатот кој почнува во септември, македонските претставници во СЕХА лигата, Вардар 1916 и Еурофарм Пелистер, ќе играат од првото коло.