Селекторот на машката младинска репрезентација, Кирил Лазаров го објави список на ракометари повикани за собирот на младинска машка М19 репрезентација за припремите за претстојниот М19 ЕХФ шампионат во Скопје.
Лазаров од својот поширок список „пречкрта“ 16 ракометари, односно подготовките за собирот во Скопје ќе ги започне со 23 ракометари. За секој случај селекторот вметна и шест резерви, кои ќе чекаат дополнителен повик. Мирчевски, Петар и Павле Атанасијевиќ, Бардакоски и Митревски останаа на списокот, а Јовановски е една од резервите.
Претстојното М19 шампионатот ќе се одржи во Скопје во период од 9 до 15 август.