Некогашниот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки не е повеќе член на Еурофарм Пелистер 2. Клубот денес му се заблагодари за професионалноста и му посака среќа во понатамошниот тек на кариерата.
„Стефан Дрогришки го напушта Еурофарм Пелистер 2. Клубот му се заблагодарува на професионалноста и залагањето, му посакува многу успеси понатаму“, се вели во информацијата од клубот во Битола.
Пред да се врати во својот матичен клуб, средниот бек настапуваше за Металург и Еурофарм Работник. Во следните неколку дена вториот битолски клуб ќе го дефинира ростерот кој ќе му биде даден на располагање на тренерот Александар Јовиќ. Со македонската репрезентација Дрогришки играше на Светското првенство во Франција во 2017 година.
Еурофарм Пелистер подготовките за новата сезона ќе ги започне на 19 јули во Битола.