Двата битолски суперлигаши денес го објавија планот на подготовки за сезоната 2021/22. И Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе ги „запали моторите“ на 19 јули и ќе ја темпира формата во Маврово.
План на подготовки за сезоната 2021/22:
Еурофарм Пелистер:
19 јули – старт на подготовки во Битола
23-30 јули – подготвителен период во Маврово
1-25 август – пријателски и турнирски натпревари (Струшки ракометен турнир) и СЕХА Гаспром лига (четвртфинале)
Еурофарм Пелистер 2:
19 јули – старт на подготовки во Битола
30 јули – 7 август – подготвителен период во Маврово
7 август – 1 септември – пријателски и турнирски натпревари
Новата сезона во Суперлигата предвидена е кон средината на септември 2021 година.