По одигрувањето на бараж натпреварот меѓу Радовиш и Шампион, познати се сите учесници во следниот шампионат на Македонија. Во Суперлигата ќе играат пак дванаесет есекипи: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Вардар 1961. Металург, Бутел Скопје, Охрид, Струга, Скопје, Тиквеш, Прилеп, Радовиш и Пролет.
Термините за почетокот на новата сезона не се познати, но веројатно на почетокот од септември ќе започнат натпреварите од најсилниот ракометен шампионат на Македонија. За разлика од минатата сезона, во следната нема да има поделба по групи и ќе се играат 22 кола.
Еурофарм Пелистер во штотуку завршената сезона го освои второто, а Еурофарм Пелистер 2 седмото место.