Ракометната федерација на Македонија одлучи по турнирски систем да се одиграат сите натпревари од младинските шампионати на Македонија.
Групните натпревари во младинска конкуренција и во машка и во женска конкуренција се планирани за периодите од 12-15 јуни, а завршниот турнирот на 16-17 јуни. Кај кадетите групите ќе се играат од 18-20 јуни, а завршниот турнир на 23 и 24 јуни. Пионерите се последни, со групна фаза од 26 до 28 јуни, а „фајнал-фор“ турнир на 30 јуни и 1 јули.
РК Еурофарм Пелистер пријави шест возрасни категории во младинските шампионати на Македонија.