РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека постигна согласност за продолжување на договорот со ракометарот Елмир Граџан за уште една сезона. Интернационалецот од Босна и Херцеговина ќе го носи дресот на нашиот клуб и во сезоната 2021/22.
„Влегувам во петтата година во Битола. Задоволен сум од градот, луѓето многу добро ме прифатија, како и во клубот. Очекувам и следната сезона да бидеме успешни, да бидеме поуспешни и да донесеме некои титули во Битола.
Ова беше чудна сезона за сите нас. Игравме пред празни трибини против големи екипи како ГОГ Гудме, Вардар и многу други и моравме да се бориме без нашиот дополнителен играч, „Чкембарите“. Се надевам дека следната сезона и во тој правец ќе биде подобро и навивачите ќе ни помогнат за остварување на нашите планови“, рече Граџан.
Пред неколку дена клубот обкави дека на една сезона го продолжи договорот и со десното крило, Мирко Радовиќ.