Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – 14. коло
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 29-28 (13-15)
Во супер-драматичен дуел од 14. коло на плеј-офот, Бутел Скопје го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 29-28 (13-15), откако поискусниот тим до победата стигна со подобро организиран финиш. Екипата на Александар Јовиќ имаше свој лидер со Павле Атанасијевиќ, автор на десет погодоци, но искусните Мајиќ и Јевтиќ го заокружија натпреварот со бодови за домашната екипа.
Спортска сала „Антон Димитров“ - Бутел, Скопје
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Бутел Скопје:
Даскаловски, Спасовски, Симјановски, Младеновски 2, Ѓеоргиевски, Божиновски 2, Митев, Омерагиќ, Мојсоски, Спасовски 5, Стојчевиќ, Трифковиќ, Јевтиќ 6, Печенковски 5, Василевски 2, Мајиќ 7
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Ристевски, Ј. Талевски 4, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 10, Митревски, В. Димитровски 2, Мирчевски, Петровиќ 7, Стоилевски 1, Андонов, Пет. Атанасијевиќ 1, Блажевски, Арсеновски 2, С. Талевски 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути
На крајот од шампионатот, Еурофарм Пелистер 2 како најмлад суперлигаш оствари голем успех со самиот пласман во разигрувањето. Седмото место е финална класификација за тимот на Александар Јовиќ, кој собра многу симпатии во македонската ракометна јавност.