РК Еурофарм Пелистер со церемонија пред почетокот на натпреварот против Охрид и свечени подароци го испрати својот капитен Градимир Чаневски. Капитенот на битолскиот клуб заминува на истек на договорот и слободен е да ја избере својата иднина.
Последниот натпревар за Еурофарм Пелистер денес го одиграа и Невен Стјепановиќ и Дарио Петровски, а како слободен ракометар клубот го напушта и Марин Вегар. Клубот им се заблагодари на професионалноста и залагањето.
Сезонава битолчани го освоија второто место во Суперлигата и играа финале на Купот, а во Европа ја минаа групната фаза на Лига Европа, па беа елиминирани од подоцнежниот победник, Магдебург.