Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – 11. коло
Еурофарм Пелистер 2 – Струга 31-17 (14-8)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до првата победа разигрувањрето на Суперлигата откако на домашен терен славеа над Струга со убедливи 31-17. Битолчани со серија од 7-0 уште од стартот на мечот ја покажаа разликата во квалитет и до крајот без никакви проблеми успеаја да го исконтролираат мечот за конечен триумф.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Иван Димитровски со шест и Стефан Дрогришки со четири гола, а во тимот на Струга се истакнаа Савески и Крстаноски со по четири погодоци.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Ристевски, Ј. Талевски, Пав. Атанасијевиќ 3, В Димитровски 1, Митревски 2, Петровиќ 3, Андонов 1, И. Димитровски 6, С. Талевски 2, Стоилевски 3, Пет. Атанасијевиќ 4, Дрогришки 4, Блажевски 1, Арсеновски 1
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 12 минути
Струга:
Затаракоски, Маркоски 1, Крстаноски 4, Савески 4, Стрезоски, Јанкуловски 1, Ферукоски, Стојаноски, Костоски 3, Симоноски, Пајкоски 1, Цветаноски 3
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 4 минути
Во следното 12. коло, в четврток попладне, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај тимот на Охрид.