Во вечерниот натпревар од 11. коло на плеј-офот од македонската ракометна Суперлигата, Еурофарм Пелистер успеа да ја одработи задачата и се израмни на врвот со Вардар на три кола до крајот. Битолчани го совладаа Пролет со 25-21 и останаа со учинок од десет победи и еден пораз во разигрувањето.
Во вториот дел „пелистерци“ успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до нов триумф со кој повторно се израмнуваат на врвот на табелата со Вардар.
Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – 11. коло
Пролет – Еурофарм Пелистер 21-25 (12-14)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)
Пролет:
Ангелов, Цветковски, Василевски, Аларов 2, Давитковски 1, Пецаковски 1, Донев, Додевски, Димов 3, Андоновски 3, Џонов 1, Мајнов 2, Дамчевски, Потиќ 1, Палевски 2, Пејовиќ 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Ојлески 1, Маркоски, Маџовски 3, Кукуловски 1, Кузманоски, Кушан, Радовиќ 5, Танкоски 2, Периќ 9, Костески 2, Кукоски, Петровски, Граџан, Ѓукиќ 2
Седмерци. 3/3
Исклучувања: 4 минути
Јосип Периќ со девет гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Жарко Пејовиќ заврши со пет гола.