Еурофарм Пелистер славеше на денешниот дерби дуел од десеттото коло на плеј-офот против Вардар со резултат 29-25 (13-12) и се израмни на врвот на табелата со ист број на бодови како и денешниот противник. Победата е издвојувана без Мандалиниќ, Мараш и Граџан, а во текот на натпреварот се повредија и Стјепановиќ и Велковски, па голем дел Радовиќ играше како десен бек.
Токму Црногорецот и Периќ им создадоа многу проблеми на вардарци, а одличен беше и Хендави со 17 одбрани. Во еден момент битолчани имаа и +5. но немаа сили да ги надополнат февруарските осум разлика во Скопје.
Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 29-25 (13-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски 1, Кукуловски, Кушан 4, Стјепановиќ 2, Радовиќ 7, Танкоски 3, Периќ 7, Костески 1, Чаневски, Кукоски 1, Петровски, Велковски 1, Ѓукиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути
Вардар 1961:
Ристовски, Кизиќ, Шеваљевиќ 2, Валчак, Јагуриновски, Стоилов 1, Георгиевски 5, Карапалевски, Дисингер 3, Јотиќ 3, Калараш, Чупиќ 5, Талески, Дибиров 6, Векиќ, Мишевски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Во следното 11. коло Еурофарм Пелистер гостува во Скопје против Пролет.