Еурофарм Пелистер 2 – Металург 31-34 (15-19)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Марко Трајковски и Александар Вукашиновски
Црвен картон: Милан Лазаревски (Металург)
Металург излезе како победник од дуелот од десеттото коло на плеј-офот на Суперлигата во Битола против Еурофарм Пелистер 2 со 31-34. Ова е трета победа во четири меѓусебни дуели сезонава на скопскиот клуб во дуелите со помладиот битолски суперлигаш.
Дуелот беше израмнет во половина од првиот дел, но подоцна Хорват и Калуѓеровиќ нанижаа серија на голови за +4 на полувреме. Иако Јован Талевски и Павле Петровиќ се обидуваа да ја вратат неизвесноста, Металург без драма го доби дуелот со 31-34.
Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Ристевски, Ј. Талевски 8, Пав. Анастасијевиќ 1, В. Димитровски 2, Петровиќ 8, Андонов, И. Димитровски 1, С. Талевски 1, Стоилевски 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Белистојановски, Дрогришки 5, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 12 минути
Металург:
Дупјачанец. Ѓорговски, Петковски 1, Поповиќ 2, Кофиловски 3, Шилегов 2, Хорват 12, Калуѓеровиќ 6, Серафимов 1, Лазаревски 1,Тарабокија, Тодевски, Митиќ 2, Рниќ, Додиќ 3, Маркоски 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 22 минути
Во рамките на 11. коло, в недела Еурофарм Пелистер 2 ја пречекува Струга.