Ракометарите на Вардар го совладаа Еурофарм Пелистер со 26-24 (16-10) во тврд натпревар полн со неизвесност и постојано надигрување. На крајот решаваше еден шут или подобро одиграна акција, а Чупиќ стави печат на новиот трофеј, кој е број 14 за Вардар во Купот на Македонија.
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 26-24 (16-10)
Спортска сала: „Автокоманда“ - Скопје
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје
Делегати: Драган Начевски и Камер Металари од Скопје.
Црвен картон; Мирко Радовиќ (Еурофарм Пелистер)
Вардар 1961: Ристовски, Кизиќ, Шеваљевиќ, Валчак, Јагуриновски, Стоилов 2, Георгиевски 4, Карапалевски, Дисингер 6, Јотиќ 4, Калараш, Чупиќ 7, Талески, Дибиров 3, Векиќ, Мишевски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски, Мараш, Ојлески, Маркоски 1, Маџовски 2, Кукуловски, Мандалиниќ, Кушан 1, Радовиќ 4, Танкоски 4, Периќ 9, Костески, Кукоски, Велковски 3, Граџан
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути
Двете екипи повторно ќе се сретнат следната недела во рамките од 11. коло на плеј-офот. Овојпат дуелот ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.