Централниот бек на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски вгради три гола во победата од 38-23 против Бутел Скопје во полуфиналето на Купот на Македонија.
Сепак, поранешниот ракометар на Металург верува дека битолскиот тим мора да биде уште подобар во финалето.
„Според резултатот минавме лесно, ама натпреварот не беше таков. Се потрудивме да го добиеме овој меч и во првото полувреме беше многу тешко. Во вториот дел нашата подолга клупа одлучи, Бутел играше со мал ростер и падна. Сега следи Вардар и мора против нив да бидеме подобри од првиот меч во плеј-офот. Во Скопје бевме многу лоши и во напад и во одбрана, мислам дека ќе бидеме подобри и ќе го донесеме трофејот во Битола“, смета Танкоски.
Во единствениот меѓусебен дуел на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер сезонава, битолчани загубија во СЦ „Јане Сандански“, а вториот првенствен дуел ќе го играат следниот четврток во Битола.