Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 23-38 (9-16)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Црвен картон: Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер)
Еурофарм Пелистер ја оправда улогата на фаворит против Бутел Скопје. Битолчани славеа со 38-23 (16-9) во „Автокоманда“ и в сабота ќе играат за трофејот против Вардар 1961.
Тимот на Бутел успеа да парира само во првите петнаесетина минути. Мечот беше израмнет само до 7-7 во 16. минута, „бутелци“ до крајот на полувремето постигнаа два гола, а нивните проблеми во нападот Еурофарм ги претвори во лесни погодоци на спротивната страна, па избраниците на Жељко Бабиќ на одмор заминаа со преубедливи 16-9.
Не се промени ништо на теренот ниту во вториот дел. Еурофарм Пелистер умешно ја одржуваше предноста и брзо поведе и со двоцифрени 18-28. До крајот штедеше сили за главната битка против Вардар која е закажан за в сабота од 17:30 часот.
Бутел Скопје:
Даскалоски, Блажевски, Симјановски, Младеновски 4, Георгиевски 2, Божиновски 3, Митев, Спасовски, Милошески, Мојсоски 2, Б. Спасовски 3, Стојчевиќ, Печенковски 1, Трифковиќ 4, Јефтиќ 1, Василевски, Мајиќ 3.
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Хендави 1, Трајковски, Мараш 3, Ојлески 1, Маркоски, Маџовски 7, Кукуловски 1, Мандалиниќ 6, Кушан 2, Радовиќ, Танкоски 3, Периќ 6, Костески 1, Кукоски, Велковски 2, Граџан 5
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 12 минути